• Project Gallery

Јулија Геровска, позната под уметничко име Јулија Барбун е уметник кој изработува слики на платно со акрилни и маслени бои. По образование е економист, но уметноста и креативноста од секогаш биле дел од неа. Таа своите уметнички активности ги започнува во 2014 година како самоук уметник. Црта интиунтивни и апстрактни слики преку кои ги пренесува своите емоции и на тој начин им дава посебно значење на секое од нејзините дела. Има направено една самостојна изложба на која претставила околу 35 слики на платно, а моментално подготвува и нова самостојна изложба која треба да се реализира следната година на пролет.

По првата изложба, Јулија се здобива со многу позитивни критики во однос на нејзината дарба и креативност. Тоа претставува голем мотив за подоцна таа да се реши својата креативност да ја преточи и во рачно изработен накит и да го прошири својот бизнис со принтање на маици, чаши и чергичиња.

Јулија Геровска има учествувано на многубројни базари за рачно изработени предмети, како на пример во: кафе-барот „Љубив“, Handmade in Macedonia, Базар на ракотворби организиран во Н.У. Музеј на Македонија, Базар на современи ракотворби, како и на разни конкурси

X