• Project Gallery

Од секогаш сум имала афинитети кон уметноста , но во последниве 9 месеци најверојатно како резултат на пандемијата почнав понтензивно да се занимавам со сликање на камења со акрилни бои.

Успеав на каменот да му дадам топлина која најверојатно извира од смиреноста која ја пронаоѓам при сликањето.

Како голем вљубеник во природа идеите ги извлекувам токму од неа .

Се трудам  сите бои , звуци и емоции да бидат пренесени онака како што јас ги чувствувам.

X