• Project Gallery

Надица Бицева Димитровски е основач на брендот за креативен и авангарден накит Креација.

Модниот дизајн, стилот, модните инстлации, естетиката, убавината,дизајнот воопшто, секогаш ме фасцинира и освојува. Љубовта кон модата, перцепцијата кон модата има главен акцент во моето секојдневие. Иако сум дипломиран психолог, страста кон модата и модните додатоци, цела моја креативна енергија ја канализирам преку дизајн на накит. Креативната експлозија која што ја доживеав во еден момент беше повеќе од доволна за да го отворам моето Ателје Креација , место каде што дизајнирам, произведувам и продавам накит. Мојата идеја е преку моден израз, со уникатна естетика и поразличен од масовната продукција, да понудам дизајн за жени со единствен стил. Уметност која може да се носи. Модели од Креација најчесто носат жени кои веќе имаат изграден стил, кои ги следат трендовите , но не се во пулсот на комерцијалноста.

Инспирација за моите колекции ја најчесто ја наоѓам во себе, мене лично најмногу ме инспирира архитектурата и културното наследство, се она што во себе содржи некаква приказна, историја. Ме фасцинираат и инспирираат иисто така и парчиња облека кои се со скулптурални форми на кои го замислувам моето парче накит. Мојата прва колекција Манзара  е инспирирана од Османлиската архитектура и уметност, боите и монументалноста на Османлиските споменици , кои се дел од Македонското културно наследство. Исто така и мојата последна колекција Златен век е инспирирана од Македонското културно наследство, од Златото од Лихнитида.

Ателје Креација има зад себе и неколку претставувања надвор од нашата земја. Имено  од 2017 година е дел од платформата Архитектура во мода, https://www.architectureinfashion.com/myshop/kreacija/ е прва и единствена плтформа на која ексклузивно се изложува и продава мода инспирирана од архитектурата. Ногол Захаби, која е сопственик на сајтот, го репрезентира и продава  накитот на Креација во нејзиниот Showroom во Лугано , направи селекција од 20 дизајнери ширум светот кои во едно модно шоу беа претставени на модната недела ,Feeric Fashion Week, во Сибиу, Романија. Официјалното видео од модниот настан е достапно на веб страна https://kreacijajewelry.portfoliobox.net/runaway. Исто така Креација беше дел и од саемот за дизајн,  Lugano Design Discrit ,  кој се одржува секоја година во Швајцарија .

Соработката за продажба на амерички пазар, започна со претставување на моите производи  од страна на мојот агент  и сопственик на  Clothia , Елена Силенок, во Pop Up Store by Clothia, SoHo, Manhattan, New York во 2018 година. Па така најпродаваните парчиња накит од Атекје Креација се достапни on- line https://clothia.com/collections/kreacija, продавница каде  се продаваат ексклузивни парчиња на облека и накит  од повеќе селектирани дизајнери од Европа.

Така што сега се радувам на можноста да бидам дел и од Вашата платформа и најпосле Креација да биде достапна on – line и за македонски пазар.

X