• Project Gallery

Елена Ристовска практикувајќи сопствен модел на креативно изразување создава дело кои сетилно следи, спонтано обзема, атакувајќи со својата разноликост и наративност. Техниката на изработка е традиционална, мајсторски усовршена и вешто и ненаметливо инкорпорирана во свеста на современиот восприемач и неговата отвореност за стари и нови вредности.

Ристовска не се плаши да експериментира. Храбро конципира, конструира и компонира, следи правец, но и менува, така што крајната реализација секогаш е иновативна и облагородена со внатрешен порив кој постојано се најавува со своето присуство..

Овие дела се одликуваат со речиси математичка прецизност во изработката, линии кои го освојуваат просторот со цртачка вештина, останувајќи наместа отворени, на места затворени и даваат целосна слобода да бидат претворени во писмо.

Ристовска создава форми и облици кои не ја губат целосно нивната реалистичка асоцијација, но ги стилизира и прегрупирува со што добиваат на оригиналност. Овде се среќаваат зборови од приказни, мистични симболи, еманати на природата, но и урбани елементи, градски перцепции и сите тие остануваат некатегоризирани, се мешаат и делуваат со сопствена трансцеденталност.

Ова е творештво кое заслужува внимание бидејќи претставува комплетен синтеза на знаењето и творечката вештина на Ристовска која што успева да ја трансформира теоретската поткрепа како историчар на уметност и естетски да ја материјализира.

X