• Project Gallery

Весна Зафировска е родена и твори во Скопје. Таа веќе 14 години активно се занимава со декупаж техника и е една од најактивните декупажисти. Најчесто изработува кутии за накит, кои ги има претставено на многу саеми и базари ширум земјата. Весна со оваа техника почнува да се занимава како нејзино хоби, при тоа наидувајќи на различни препреки за да твори. Сепак нејзината желба и љубов кон оваа дејност ја мотивира да не се откаже и да продолжи со она што навистина го сака. Како резултат на нејзината упорност, денес нејзините изработки се многу ценети и барани на пазарот. Весна со големо задоволство ги промовира своите производи и продолжува со нивно постојано усовршување.

X