• Project Gallery
Билјана Тодороска е дизајнер на сутаж накит,која живее и работи во Охрид -место кадешто најмногу ја црпи својата инспирација.
Нејзините почетоци се од детските денови кога во нејзиниот дом се изработувале традиционални македонски везови,коишто и сама започнала да ги изработува.
Накит изработува околу 10 години со посебен акцент на сутажот во последните 7.
Учесник е на голем број проекти,настани и базари,а зад себе има остварено и две самостојни изложби во галерија “Робевци”- Охрид и спомен куќа”Браќа Миладиновци”-Струга.
Таа одржува и сутаж работилници со цел да го збогати и прошири македонското културно наследство.
Сутажот е раскошна руска техника којашто бара многу љубов,трпение и голема умешност.Со постојано надоградување и вметнување различни материјали Билјана Тодороска создава уникатни парчиња накит препознатливи по нивната оригиналност како разултат на моменталната инспирираност.
X