• Project Gallery

Приказната за овие две пријателки од Ерменија , кои живеат во Македонија повеќе од една деценија, е исто толку слатка и вкусна, како чоколадите што ги прават!

Едно убаво утро, кафе муабетот ги носи до  одличната идеја за патување од соништата во СВЕТОТ НА ЧОКОЛАДОТО, за отварањето на чудесните врати и влезот во тој неверојатен свет, учењето и совладувањето  на уметноста на рачно изработените чоколади!

Искуството што го имаат во Антверпен, Белгија е незаборавно, нивната љубов кон оваа уметност е немерлива, па  затоа бидете сигурни дека оваа двојка претставува успешна екипа!

Состојките за нашите чоколади се со најдобар квалитет, од светски познатата компанија CALLEBAUT од Белгија, што овозможува изработка на совршени чоколадни школки  исполнети со најразличен вкусен крем/фил/ганаш.

X