ЦЕНАТА за испораката од која било локација во Република Северна Македонија до која било локација во Република Северна Македонија е 120 денари за која било нарачка во пакет со максимални димензии 80 см х 80 см х 80 см .    

СЛУЖБАТА за испорака ја испорачува секоја пратка во рок од 1 ДО 3 РАБОТНИ ДЕНА на целата територија на Република Северна Македонија, до секоја адреса и населено место.   

Пратките се ДОСТАВУВААТ до влезот на станбениот објект од наведената адреса. Во недела и за празници службата за испорака не испорачува пратки.
За испораки од Република Северна Македонија кон која било друга земја во светот се доставува поединечна понуда за транспорт за секоја поединечна нарачка.
За испораки од Република Албанија во Република Северна Македонија и за испораки од Република Албанија кон која било друга земја во светот се доставува поединечна понуда за транспорт за секоја поединечна нарачка.
Испораката се врши преку надворешни соработници.
Пред испораката на производот, купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, заради потврдување на датумот и времето на испораката. 

ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ИСПОРАКАТА

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот нема можност да бидат оштетени. Нарачателот е должен, при приемот на пратката, детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку увиди какви било оштетувања и недостатоци, веднаш да го пријави тоа на лицето кое ја доставува пратката.

Доколку производот е испорачан со оштетување или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да нè информира веднаш, со цел да превземеме мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот. 

При преземањето на пратката, нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за преземањето.

За сите други информации контактирајте нè на телефонскиот број 075 421 174  или преку е-пошта на info@womenpoweron.com

Доколку Ви се потребни информации за статусот на пратката и терминот за нејзина испорака, можете да ја контактирате директно службата за испорака ЕКОЛОГИСТИК, на телефонските броеви 13 990 или 15 990

X